10.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Втор Национален саем за храна и пијалоци- сигурна база за нова средба во 2024

Минатата година почнавме да ја пишуваме биографијата, се сплотивме околу огништето наречено „Вкуси ја традицијата“ а сега, по одржаното второ издание на Национален саем за храна и пијалоци, можеме да ја планираме иднината.
Кога на половина пат ќе се прегрнат традицијата и модерното, храната и пијалоците што и годат на душата, тогаш се создаваат старо-нови гастрономски универзуми. „Вкуси ја традицијата“ е настан што ја потврди тезата дека кај нас виреат вкусни плодови и чудесни, вредни луѓе што ја прават најдобрата, највкусната храна.

Градскиот парк во Скопје беше сведок на овој највкусен и кај нас- најголем саем за храна, каде можеа да се видат, да се вкусат и да се слушнат приказни, се за гурманската традиција и адетите околу неа : локалните продукти на пиедестал, не поради носталгијата туку поради тоа што ни се идентитет и култура: од Гостивар до Ресен, од Скопје до Прилеп, од Штип до Валандово, од Јегуновце до Демир Хисар, од Битола до Кратово, од Пробиштип и Кавадарци до Радовиш, Охрид и Струга…

Слоу фуд Македонија по вторпат беше дел од „Вкуси ја традицијата“, велт- свои на своето, на гастрономијата произлезена од колективната меморија, со производи инспирирани од долапите на баби, па затоа се беше лично, колоритно и богато.
Конвивиумите Слоу фуд Водно, Слоу фуд Битола, Слоу фуд Охрид, Слоу фуд Прилеп, Слоу фуд Осогово и Слоу фуд од првиот президиум- слаткото од смокви, на лице место ја бранеа агендата за добра чиста и правична храна.
Од недрата на Слоу фуд можеа да се вкусат-слатко од капини, мармелади и џемови од се што родила природата, па ајвар и лутенка…, зимници, вино ем ракија, пиво и ликери облагородени со разни растенија, мед, маџун, јаболков оцет од диви кисели јаболка, козјото сирење од Раштак, биено сирење…, ореви, кошмишпите, ѓомлезе, комат, млечни намази, путер од лешник, бадем и кикирики, па буковска пипер, највкусните сувомеснати производи сушени на дрво, по теркот на нашите дедовци, маслата од тартуфи и се од оваа чудесна печурка… Во целиот цунами од масовна комерција, се што го има знакот на полжавчето, ги има и трагите на оние што создаваат.

Алијансата на готвачите на Слоу фуд, во состав Димитар Арнаудоски, Маре Јаневска и Зоран Мајновски, во делот наречен „гастро активности“ понудија мени од локалните производители што беа истакнати во Градскиот парк, а секој од нив и индивидуално, со својата шефовска, готвачка и гурманска креативност демонстрираа зошто си ја сакаат татковината.
Во паркот имаше и детско катче полно со интересни едукативно анимации, ќе се дознае нешто за биодиверзитетот, автохтоните семиња а се замеси и лепчето на баба.

Целиот саем беше конципиран со 45 павиљони, 80 штанда на кои ќе беа изложени 2000 производи од 400 производители од целата наша земја.
Организаторите – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Слоу фуд Македонија и ГИЗ, ја почитуваат идејата достоинствено да создаваме нова традиција на стара тема.
Се гледаме во 2024!

Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена