Гените на Божо Вреќо. Екстравагантен на својата мајка
На својот ФБ статус, Божо Вреќо, ексцентричен и автентичен артист со ангелски глас и посебен сенс за убавината и музиката, што во февруари можевме да го видиме и чуеме во Скопје, ја стави сликата со мајка му, гордо величејќи ја нивната љубов. Фотографијата е преубава, едноставно „пука“ од емоции, доверба и безусловна љубов и е потврда на кого Божо Вреќо е екстравагантен и свој.
Уметникот љубовта кон мајка му ја смести во неколку реченици:
„Од неа учам додека сум жив, а знаете што секојпат одново: како да се остане свој, добар кон себеси и кон другите. Тие две лекции се суштината на која секогаш ме потсетува мојата мајчичка, и тука е во прегратките: елегантни сме двајцата како од „Вог“, а се средивме за нас, за глорифицирање на љубовта на која и должиме се, и секоја минута и секунда ни се драгоцени.“
Коментарите се затворени