По повод празникот 13 ноември, детскиот градски хор „Гласот на децата на Скопје“ при ЈУ. Детски културен центар Карпош, го честита роденденот на своето Скопје со видео запис. Станува збор за четири евергрина, познати хитови испеани од Драган Мијалковски, Лидија Кочовска, Импулси и Александар Митевски, што децата ги пеат прекрасно и со многу емоции.
Исто така, точно напладне може да се проследи манифестацијата „Го градам мојот град“, каде децата од градинките со својата креативност ќе покажат како го гледаат Скопје, преку изработка на макети и модели од најразлични природни материјали.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени