Драган Јованов: Македонската современа фитомедицина може да ги спаси дишните органи
Дали имате проблеми со респираторните органи? Симптомите се разновидни а тегобите при дишењето можат да бидат придружени со забрзано дишење и забрзани отчукувања на срцето, губење на здивот, болка во градите, мала главоболка, општа слабост
*Ако дишењето ви е толку отежнато и тоа ве загрижува, тоа може да е предизвикано од многу болести. Тешкотиите во дишењето можат да се поделат во три категории- инфекции на горните и долните дишни патишта : настинка, воспаление на синусите, воспаление на белите дробови и туберкулоза, хронични опструктивни болести на белите дробови : астма, бронхитис и емфизем и белодробни болести поврзани со одредени професии, како што се азбестозата и болестите од кои заболуваат рударите во рударниците за јаглен.
*Ако подолго кашлате, искашлувате непрозирна слуз или останувате без здив, тоа може да бидат знаци на бронхитис, емфизем или рак на бели дробови.
*Ако имате висока температура (40 степени или повеќе), треска, болка во градите и кашлица со која се искашлува крв, тоа може да бидат знаци на воспаление на белите дробови или некоја друга посериозна болест.
Македонска современа фитомедицина може да помогне да се заштитат или да се ублажите тегобите при дишењето. Посоветувајте се со професионален фитотерапевт и ароматерапевт или стручно лице за масажа и инхалација со пареа кои можат да ги намалат конгестиите и да го намалат воспалението. Повеќето практичари се согласуваат дека имунолошкиот систем може да зајакне и да се одржува со помош на здрава исхрана и здравите навики во исхраната. Обидете се да ги примените препорачаните дневни дози на Витамин А, Б, Ц и Е и минералите Цинк и Селен.
Лековити растенија кои се користат за заштита на белите дробови во Македонската современа фитомедицина се подбел, мајчина душица, бозел, босилек и бел слез.
Подбел
Подбелот е мало зелјесто долговечно растение со водорамни ризоми. Во листот на подбелот има доста слуз, многу малку горчливи материи, флобатанин, инсулин и фитостерол. За подготовка на лекот се собира сиот надземен дел од растението без коренот. Подбелот е одлично средство за ублажување, смирување на нападите и за лекување астма. Подбелот ги спречува воспалувањата, а постојаните брзо ги лекува. Тој има извонредна ефикасност во растворањето на слузта. Успешно се применува при лекување на засипнатост, катар на ждрелото, бронхитис, бронхијална астма и при почетен стадиум на туберкулоза на белите дробови. Облогата со чај од листовите се применува при воспаление на вените, чир на потколениците, како и при изгореници.
Мајчина душица
Мајчината душица е омилен лек не само кај народот, туку и во научната медицина и се употребува, пред се, како средство за лекување на органите за варење, против цревните паразити, особено против детските глисти. Ова лековито растение влегува во составот на лековити препарати за лекување на дишните органи.
Чајот од мајчина душица служи за лачење на слузта, а има и одличен ефект за дезинфекција, па е мошне добар при појава на вишок слуз во дишните органи, против кашлица, бронхијален катар и друго. Исто така, чајот од мајчина душица има својство да го запира развојот на многу патогени бактерии, па токму затоа тој е одлично средство во борба против заразните болести. Мајчината душица е мошне ефикасно средство за лекување на слабокрвноста. Добро е мајчината душица да е измешана со исто количество коприва. Многумина грешат кога употребуваат чај од мајчина душица. Тоа не смее да се прави, затоа што лековитите состојки на оваа мошне миризлива и лековита билка со варењето особено во незатворен сад, многу брзо и целосно се губат, односно испаруваат. Поради тоа, се препорачува мајчината душица да се попари со зовриена вода, садот веднаш да се покрие и да се остави 2 часа да стои. За подготовка на чајот треба да се стават две лажици од билката во 2 дл зовриена вода.
Бозел
За лек се употребуваат цветовите, кората, плодот, листот и коренот. Чајот од листовите на бозелот се употребува за поттикнување на лачењето на урината, против насобрана течност во телото, за лекување шеќерна болест, како и за прочистување и подобрување на крвта. Чајот од цветовите на бозелот се користи за лекување настинки, бронхитис, кашлица, грип, почетно воспаление на белите дробови, силна кивавица, тешко дишење, астма, при почетна туберкулоза и кај сите ревматски заболувања. При подготовка на чајот се употребува лажиче чај за една чаша. Во текот на денот смее да се испие само една мала чаша или максимум две, и тоа во големи временски периоди, голтка по голтка. Тоа истовремено ќе ги отстрани тешкотиите при уринирањето, пречките во функционирањето на бубрезите и на мочниот меур, против водена болест, ревматизам на мускулите и на зглобовите и др. Овој чај, исто така, е мошне ефикасен и против тврда столица.
Босилек
Босилек има пријатен мирис, а најмногу листовите, вкусот е горчлив и ароматично лут. Содржи етерично масло, танин, сапонин и горчливи материи. Народот го употребува босилекот како средство за смирување на нервниот систем, против гасови, тегоби во органите за варење, против цревни паразити, за зголемување на млечноста кај мајките што дојат, против воспаление на бубрезите и за регулирање на менструалниот циклус кај жените.
Бел слез
Слез е лесно средство против воспаление на слузокожата на уринарните, половите и дишните органи. Чајот од бел слез дејствува поволно против кашлица и бронхитис, а се препорачува и како лек при појава на бронхијална астма, почетна туберкулоза на белите дробови, при катар на мочниот меур, болно уринирање и тешко задржување на урината. Исто така, тој е корисен и при лекување на болестите на органите за варење на храната, а особено против воспаление на дебелото црево, пролив повраќање проследено со пролив кај доенчиња и др. За белиот слез карактеристично е тоа што тој дејствува смирувачки при акутни воспаленија на желудочната слузокожа, и тоа во комбинација со чај од камилица. Тој е добро средство и против хроничен катар на усната празнина кога сувата слузокожа предизвикува често поткашлување. Ефикасен е и како средство против упорниот хроничен катар кај пушачите. Белиот слез никогаш не смее да се вари, ниту пак да се прелива со многу жешка вода. Исечканиот корен од белиот слез се остава да стои во ладна вода околу два часа со повремено мешање. Потоа се цеди и дури тогаш малку се загрева и повторно се цеди. За една чаша чај се потребни околу три лажици бел слез.
Фото- Pixabay
Коментарите се затворени