И мажите го корегираат телото. Нема да верувате што најмногу
1. Пенопластика – хируршка интервенција на пенисот
Пионер во оваа област е д-р Роберто Виел на лондонскиот Центар за естетска хирургија и оваа хируршка процедура има цел да го зголеми обемот на половиот орган, а притоа да се избегне нарушување на фунционалноста. Идеално.
2. Издолжување на нозете
Традиционално изведувана врз деца со диспропорционални нозе. Оваа процедура моментно е најраспространета меѓу машката популација во Кина (каде што висината честопати е дел од барањата за влез и во училиштата за право и за полагање возачки испит). Бенефити? Нозе кои се неверојатно долги (или во најмала рака подолги за неколку сантиметри). Недостатоци? Ова звучи како нешто од хорор филм и ако вашиот хирург не ја изведе операцијата прецизно, постои можност никогаш повеќе да не проодите.
3. Намалување на градите кај мажите
Оваа процедура на липосукција е особено развиена за да се справи со гинекомастијата каде што абнормално зголемување на жлездено ткиво се наталожува на градите кај мажите. Со помош на мала цевка за вшмукување и општа анестезија се будите со подобро обликуван граден кош.
4. Трансплантанција на коса
Оваа операција ја решава несреќата на многумина мажи во средни години. Во оваа процедура хирургот „бере“ здрави фоликули од косата на тилот и ја всадува на голите места. Неколку месеци подоцна оќелавената област ќе биде густо покриена со влакна. Звучи едноставно, но ова не е за колебливите – целата оваа процедура може да трае и до осум часа.
5. Лифтинг на скротумот (кеса во која се сместени тестисите)
Оваа процедура ќе го намали свиснувањето дури и кај најолабавените скротуми, користејќи техника слична на лифтингот на лице. Тоа е брза процедура што може да ја изведе еден хирург за околу триесетина минути, лесна операција што се изведува за пауза. Меѓутоа, многу постојат ризици: лифтингот на скротумот, познато е, претставува значајна закана за сперматозоидите.
6. Пекторални импланти кај мажите
За оние што сметаат дека на градите им недостасува импресивна форма, ова е машки еквивалент за зголемување на градите. Како и кај жените, за оваа процедура се потребни силиконски импланти што ќе им дадат зајакнато присуство на постојните градни мускули.
7. Бразилско поткренување на задникот
Овој унисекс-третман добива се` поголема популарност меѓу мажите кои се загрижени дека немаат убав задник. Користејќи ја традиционалната метода на липосукција, чистење на масното ткиво и повторно враќање во избрани делови на телото, овој процес им овозможува на пациентите да добијат пополн и цврст задник. Лекарите велат дека пациентите ќе може на кратко да го сместат нивниот новообликуван задник на многу мека перница, два дена по операцијата, но не ќе можат убаво да седат цели три недели.
(Сандеј тајмс)
Фото-Pexels
Коментарите се затворени