Сендвич со сланина и домат
Сланина,зелена салата и домат се најубавото нешто за парче леб уште откако постојат сендвичите! Вообичаено се ставаат на печено парче леб, заедно со мајонез, а авокадо го подобрува вкусот. Најдобро е сланината да се испржи со балсамико, тоа му дава посебен вкус.
Слопи Џо
Ова дефинитивно е машки сендвич ! Вообичаено се земаат две земички за хамбургер и се полнат со сос подготвен од мелено говедско месо, кромид и сос од домати.
Чип сендвич
Повеќето луѓе од континентална Америка не знаат што значи „чип сендвич“, а истиот можете да го пробате во Англија. Доколку не знаете, „чип сендвич“ се состои од две парчиња бел леб, намачкани со путер, меѓу кои се наоѓа здрава (па и не толку „здрава“) порција чипс (голем француски помфрит). Можеби звучи непримамливо, но овој сендвич е едно од највкусните нешта. За потполно чувство на „џанк фуд“, одозгора се додава кечап.
Пан-бања
Сендвичот „пан-бања“ е специјалитет на луѓето од регионот на Ница, во Франција. Вкусовите во овој сендвич совршено се мешаат: се состои од лепче багет чија внатрешност се вади и се полни со туна (ако се користи конзерва тогаш треба да биде туна во масло), парчиња зелена пиперка, црвен кромид, тврдо варени јајца, маслинки , домат и на крајот сос за салата добиен од вински оцет, сенф, сол и пипер. На прв поглед звучи чудно, но сепак тоа е еден од најдобрите пикник сендвичи. Толку е популарен што Французите имаат здружение кое го промовира и заштитува сендвичот „пан-бања“.
Кубански сендвич
Иако се смета за омилен сендвич на кубанските работници, или од Куба , сепак кубанскиот сендвич станува се попопуларен. Тоа е варијација на класичниот сендвич со шунка и сирење, и се прави со шунка, печено свинско месо, швајцарско сирење, кисели краставички и сенф меѓу две парчиња леб (земички). Клучниот момент за добар кубански седвич е притиснувањето. Сендвичот секогаш се подготвува во тостер, така што лепчето станува тенко и крцкаво. Кога нема тостер, може лебот од надворешната страна да се намачка со путер и да се пече во тава, а потоа да се притисне со друга потешка тава или сад.
фото- pixabay