Едно јајце – 80 калории
Нутриционистите тврдат дека јајцето е еден од најхранливите продукти и за општо добро, препорачуваат по едно на ден. Освен што се нискокалорични, јајцата се и богат извор на протеини и содржат состојки што се есенцијални во одржување на доброто здравје, посебно витамините A, Д, Б-12, селен и калиум. Покрај протеините, јајцата содржат и најбогат микс на есенцијални аминокиселини, кои се клучни за здравјето на децата и за младите, со оглед на тоа дека се одговорни за нормално растење и развивање.
Високото ниво на антиоксиданси значи дека можат да помогнат дури и во превенција на старосната макуларна дегенерација – главна причина за слепило. Луѓето што консумираат јајца имаат зголемен внес на сите потребни нутриенти во однос на оние што не ги јадат.
Јајцата, исто така ја имаат круцијална улога во одржувањето на телесната форма и помош при слабеењето: едно јајце со средна големина има помалку од 80 калории, а создава добро чувство на ситост.
Коментарите се затворени