Пет работи што не сте ги знаеле за водата
Јаболкото е добро за забите, алоа за кожата, но што е со обична вода? Секоја клетка во човековото тело има потреба од вода- за правилна работа и не постои метаболички процес кој може да се одвива без вода. Таа ги подобрува менталните функции, помага при намалување на килограмите, претставува гориво за работата на мозокот и го заштитува човековиот организам од разни болести.
Ќе наведеме некои работи за водата кои се значајни и кои можеби ќе ве мотивираат да ги испиете неопходните осум чаши вода дневно.
Ги подобрува менталните функции
Ако случајно сте заборавиле што пишува во почетокот на овој текст – на вашиот мозок му треба вода, затоа што речиси 80% од мозочното ткиво се состои од вода. Клиничките тестови покажуваат дека дехидрацијата го намалува краткорочното помнење и ја нарушува концентрацијата. Логиката на работите е многу едноставна. Ако му ја одземете на мозокот најбитната состојка за функционирање, ќе имате
проблем. Тоа е како да возите автомобил без гориво. Кога телото е дехидрирано, течностите побавно се движат низ мозокот и затоа му се забавува работата.
Може да спречи болест
Чистата вода е клучна состојка на ’рскавицата, сврзливо ткиво меѓу коските. Таа, исто така, е составен дел на зглобовите, чија задача е да ги спојат коските и да служат како амортизер при одење или трчање. Ако во телото има доволно вода, има помалку триење меѓу зглобовите, а тоа значи и помали шанси за појава на артритис.
Исто така, водата го прочистува телото од токсични материи. Ако го намалиме времето потребно за прочистување на организмот, штетните состојки нема да можат да се натрупаат во цревата, а со тоа се намалува можноста за појава на рак. Водата е задолжена за намалување на количината на солта во телото. Повеќето истражувања покажаа дека големите количини сол се поврзани со високиот крвен притисок, а преку дехидрирано, течностите побавно се движат низ мозокот и затоа му се забавува работата.
Помага при намалување на килограмите
Ако сте гладни, пробајте да испиете една чаша вода. Таа не содржи калории, ниту маснотии, а е докажано дека може да го намали чувството на глад. Што е уште поважно, водата го забрзува метаболизмот. Повеќе вода во организмот значи и побрзо согорување на калориите. Истражувањата покажаа дека по две испиени чаши вода на телото му се потребни помеѓу 10 и 40 минути да го започне метаболичкиот процес, но согорува 30 отсто повеќе калории. Некои истражувања покажаа дека лицата што пијат по шест чаши вода дневно може да изгубат три килограми масти за една година.
Спречува кариес
Се вели дека насмевката вреди милион долари, а не чини ништо. Сепак, сите знаеме дека посетата на забар и не е толку евтина. Познато е дека водата произведува неколку важни телесни течности, вклучувајќи ја и плунката, која е важна во борба против кариесот.
Дозирајте ја количината
Навистина е важно дневно да се внесува препорачаната количина вода во организмот, но, исто така, битно е да не се претерува. Еден возрасен човек троши три-четири чаши вода дневно преку дишење и потење. Ако на тоа додадеме и неколку посети во тоалетот и малку вежбање, веќе имаме изгубено осум чаши вода. Затоа е многу важно да се надомести тоа количество вода, но треба да се има предвид дека не треба да се претерува.
Коментарите се затворени