После долгата пауза заради пандемијата, Елена Реи повторно ги освојува светските модни центри. „Во моментов нашиот најуспешен топ модел, велат од агенција Моделс ИН Менаџмент, се наоѓа во Кина,поточно во градот Гуангжоу каде има фотографирање за нова кампања. Но, само пред две недели таа беше во Сеул – Јужна Кореја, каде фотографираше и снимаше за престижниот моден магазин Shinsegae.
Токму за овој едиторијал Елена носеше комплетни стајлинзи на Lee Yoonkyung трендовски комбинации на врвните брендови како TOM FORD, MIU MIU & GUCCI . Нејзиниот престој во Сеул и донесе и голема модна кампања за раскошниот накит на Chopard.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени