Од Меѓународниот гастрономски натпревар на шефовите на кујни и идните готвачи Будва 2023, организиран од „Гастроклуб“ предводен од Претседателот Вуко Митровиќ и соработници, тимот на Гастромак се врати со злато, сребро и бронза.
Нашите натпреварувачи годинава имаа силна конкуренција, но нивната вештина и професионалност предизвикаа големо внимание и резултираа со награди. Зад пултовите беа искусните готвачи: Иван Велков, Анита Самарџиоска и Семија Демoва кои освоија 3 златни, 3 сребрени и 2 бронзени медали. Браво и честитки за нив!
Претседателката на Гастромак- Адријана Алачки, освен што оствари средби и имаше конструктивни разговори со најпознатите балкански и светски шефови на куни, беше дел од судискиот тим во категоријата – паста и рижото, предводен од познатиот шеф и судија од Босна и Херцеговина, Г. Хамид Хаџиќ.
Бесим Латифи, потпретседател на Гастромак, за своето учество и залагање беше одликуван со плакета за квалитет и посебен допринос во развојот на гастрономијата во балканскиот регион. Но, Бесим е познат како човек со големо срце, па со своите слатки волшепства од фабриката за слатки Della Nonna, ги заслади сите учесници.