Познатите шоумени Весна Петрушевска и Игор Џамбазов ја промовираа еколошката химна онлајн на јутјуб каналот на „Агенда 21“. Песната е изработена за телевизиската емисија „Агенда 21“ која има за цел да се подигне свеста кај граѓаните за важноста на грижата за животната средина.
– „Ѓубре, ѓубре, ѓубренце“ е рефренот кој ќе го потпевнувате секој пат кога ќе ве изнервира граѓанската негрижа и ќе ве потсети дека промените можат да дојдат и од нас преку мали чекори во секојдневието. Певлива но во исто време и до коска реална која целосно го отсликува ниското ниво на еколошка свест во државава.- велат од КМК Продукција.
Спотот е реализиран од страна на КМК Продукција, сниман на локација на кејот на реката Вардар и на кровот од зградата на Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп кои се и нивни поддржувачи. Децата од спотот искрено ја пренесуваат пораката се ученици од Актерскатa школа на Весна Петрушевска, кои заедно со нивните идни носители на еко промена во земјава се нивните поголеми другари – учениците од СУГС „Орце Николов“.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени