Првата изложба на „Среброрез“ на познатиот охридски среброрезец Боро Митрески-Минта ќе се случува од 6 до 10 април во Музејот на Македонија. Отварањето на изложбата е во четврток, од 18.00 часот со тема: 33 години од живеењето на Христос – Живот за спас на човештвото.
Митрески – Минта е познат и единствен резбар кој работи повеќе од 30 години со бакрорез, златорез и среброрез.
На неговата прва изложба ќе можат да се видат 33 минијатурни експонати на тема Богородица со Исус, Распетие Христово, Исус Христос…
Изложбата ќе ја отвори познатиот македонски поет Ефтим Клетников кој ќе каже неколку воведни зборови за прекрасната изложба која ќе биде отворена за посетители од 6 до 10 април со следниот распоред: 7 април од 18:00 – 22:00, 8 април од 10:00 -15:00 , 9 април од 10:00 -13:00 часот.