Музичката легенда и девојката со анѓелски глас, за која Григор Копров изјави дека достојно ќе го замени Тоше Проески, ќе пеат дует. Искуство и младост, Дадо Топиќ и Ана Петановска, наскоро ќе снимаат песна.
Во минатиот век се случи евергринот „Принцеза“ (1984) и маестралниот дует на Дадо и Слаѓана Милошевиќ, а годинава, се шушка во музичките кругови- оваа исклучителна поп- рок балада, ќе го обележи времето пред неа.
Песната се вика „Бисери у твојим очима“ за која музиката ја напиша исто така музичка легенда, композиторот Григор Копров, текстот е на Душан Бачиќ а аранжманското решение е на Стефан Петановски.
Кога се создаваат големи нешта, кај сите постои возбуда, но најсреќна е Ана, која не ги крие емоциите:
„Многу се радувам, чувствувам инспиративна возбуда, едноставно, не ми се верува дека овој проектот наскоро ќе биде мојата реалност. Голема шанса за мене е да испеам песна заедно со Дадо Топиќ: растев со неговата музика, па овој дует е и голема одговорност и секако предизвик. Неизмерно сум му благодарна на Копров, кој ми ја даде шанста што за мене е ново искуство, уште повеќе ме сплотува со музиката, и ме прави пожива и поисполнета. Што се однесува до песната- кога ја слушнав ми поминаа морници, романтична е, и многу, многу моќна.“
„Бисери у твојим очима“ ќе се снима во студиото на Душан Бачиќ во Белград а потоа ќе следат активности поврзани со промоцијата.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени