Калциумот ги гради коските, забите, овозможува правилна функција на нервите и мускулите. На возрасните им е потребно околу 1.000 мг дневно, а најлесно е да се внесе преку млечни производи. Меѓутоа, ако сте веган, интолерантни на лактоза или едноставно не сакате млечни производи, постојат други намирници кои содржат висок процент калциум.
1. Зелка – содржина на калциум 270 мг во 200 г варена зелка
Оваа намирница содржи четвртина од дневниот препорачан внес, и е богата со витамин А, дури три дневни дози, што е важно за видот. Одличен додаток се маслиновото масло и лук.
2. Брокула – содржина на калциум 90 мг во 200 г
Освен што е богата со калциум, брокулата содржи речиси двојно повеќе витамин Ц отколку портокалот. Истражувањата покажаа дека исхраната богата со брокула го намалува ризикот од одредени видови рак.
3. Кељ – содржина на калциум 10 мг во 70 г
Има само 30 калории по порција, содржи дневна доза на витаминот Ц и двојна дневна вредност на витаминот А. Исто така, содржи и витамин К.
4. Смокви – содржина на калциум 120 мг во 80 г суви смокви
Ова вкусно овошје има висока содржина на влакна и калиум. Смоквите, исто така, содржат магнезиум, минерал кој телото го користи за околу 300 биомеханички реакции, како што е одржување на функцијата на мускулите, ја одржува работата на срцето и ги јакне коските.
5. Портокал – содржина на калциум 75 мг во еден поголем портокал
Портокалите го подобруваат имунитетот бидејќи се богати со витамин Ц, но исто така содржат и низок процент на калории и доста антиоксиданси.
6. Сардини во конзерва – содржина на калциум 350 мг во 100 г
Оваа солена конзервирана риба може да биде добар додаток на салатите и тестенините. Освен што содржи голема количина калциум, добар извор е и на Б12, кој е потребен за нервниот систем и витаминот Д, важен за здравјето на коските.
7. Конзервиран лосос – содржина на калциум 230 мг во половина конзерва
Ако не можете да најдете лосос за кој знаете дека е свеж, идеално решение е конзервиран лосос. Освен калциум, содржи околу 38 г протеини.
8. Бел грав – содржина на калциум 70 мг во 100 г варен грав
Оваа хранлива намирница е богата со влакна, протеини и железо, како и калиум. Исто така, содржи и здрав скроб и јаглени хидрати, кои помагаат во забрзување на метаболизмот.
9. Тофу – содржина на калциум 460 мг во 150 г
Тофу е вегетаријански извор на протеини, но е многу богат и со калциум. Тофуто е намирница која може да се комбинира на многу начини, зашто го поприма вкусот на храната со која се приготвува.
10. Бадеми – содржина на калциум: 20 бадеми имаат околу 75 мг калциум
Бадемите се многу здрави, содржат околу 12 отсто од дневната потреба за протеини, богати се со витамин Е и калиум. Тие содржат и добри масти кои го намалуваат лошиот холестерол.
Фото- Pixabay