Македонскиот култен треш состав Sanatorium се враќа на сцената со нова песна насловена „Параноја“, моќна, брза и енергична…, онаква каква што очекуваме од нив.
Ваквиот кам- бек се случува во моменти кога се чини дека тоа е најпотребно за публиката. Новата композиција на Sanatorium е авторско дело на членовите на бендот Перо Стефановски, Горан Атанасов, Горан Станковиќ, Бобан Василески и ex. гитаристот Константин Качев. Во снимањето на „Параноја“ учествуваа Бобан Василески, Александар Стефановски и Дарко Дарковски, а миксот и мастерингот се дело на Александрос Крисидис. Видео продукцијата е на тапанарот Горан Атанасов.
Фото: Стефан Рајхл