Игор Атанасов, помеѓу пријателите познат по прекарот Каспер, шеф, кој во својата 20. годишна кариера има работни искуства во Клиниката на Жан Митрев, „Спа“ во Беверли Хилс, ресторан- пицерија „Фуфо“, „Фурна“ и „Далма“ кетеринг), неодамна со Љупчо Велков го отвори ресторанот „N1, Coffe&Restaurant“, ни помалку ни повеќе туку во Лондон. Ова е навистина голем предизвик и уште поголем мотив да успее во Англија.
– Имам доволно готвачко искуство да се обидам во Лондон, во меѓувреме станав и судија на „Гастромак“ а оваа година дена, колку што сум во Британија, собирав искуства, испитував, споредував и работев шест месеци во „My Place“во Сохо, вели Каспер. – Во договор со г-дин Љупчо, кој долги години живее тука, решивме да отвориме ресторан каде ќе се служи англиска храна, бидејќи балканците во Англија ретко одат во англиски ресторани. Ова ќе биде вистинското место за нив.“
Со среќа Игор, знаејќи колку си вреден и предаден на професијата, сигурни сме дека „N1, Coffe&Restaurant“ ќе биде многу посетен и успешен ресторан.
Коментарите се затворени