Книги во кои можете да се вљубите
Секоја книга е интересна, под услов да е блиску до вашиот свет. Инаку, на секоја треба да и се даде шанса, но малкумина остануваат засекогаш во срцето. Ова се книги на кои човекот се враќа во текот на целиот свој живот.
1. Вино од глуварчиња – Реј Бредбери
„Беше тивко рано утро, градот потонат во мрак што блажено се скротуваше во креветите. Воздухот веќе мирисаше на лето, ветрот галеше пријатно, природата дишеше длабоко, топло и мирно. Ти доаѓа само да скокнеш од кревет, да ѕирнеш низ прозорецот и веднаш да разбереш дека сега, во овој момент, почнува слободата и животот на изгревот во првото летно утро … “
2. Чучулига – Решат Нури
Убава, весела и своеволна Фериде не е вообичаена турска девојка во последните години на Османлиската Империја. Таа расте во богато и почитувано семејство, добива добро образование и наследство, но сепак заминува во пустелија во вдлабината на Анадолија, каде што сиромашните и неуките имаат потреба од песната на чучулигата. Таму ја среќава и најголемата, вистинската љубов.
3. Ана Каренина – Лав Толстој
Сите среќни семејства личат едни на други, а секое е несреќно на свој начин “- е првата реченица со која почнува овој грандиозен роман. Како и колку сака жена, има ли љубов век на траење.., се откриваат во овој руски евергрин класик.
4. Дневникот на Маја – Изабел Аљенде
„Оваа Маја ме натера да страдам повеќе од сите мои претходни херои. Понекогаш ми доаѓаше да и удрам две шлаканици за да и дојде малку ум, а понекогаш сакав да ја прегрнам силно за да ја заштитам од светот и од нејзиното збунето срце.“
5. Среќата е филџан чај со тебе – Мамен Санчез
Овој роман предизвикува напади на смеа и желба за уште повеќе. Ликовите се како децата: колку повеќе грешат, толку повеќе ги сакаме …
6. Илјада светли сонца – Халед Хосеини
Маријам е нелегална ќерка на богат бизнисмен, принудена со петнаесет години да се омажи за многу постар од неа, Рашид. Откако сфати дека Маријам не може да има деца, тој почнува да е суров со неа и си зема втора сопруга – младата Лајл. Со време, двете жени учат да живеат една со друга.
7. Човек со име Уве – Фредрик Бакман
Едноставна напишана историја, во која се вткаени многу едноставни човечки емоции. Кога недостатокот на еден човек може да те натера да размислиш – има ли смисла живеењето?
8. Ќерката на пеперутките – Мери Алис Монро
„Вистинската убавина е во трансформацијата, во храброста да се промениш“.
9. Каин и Авел – Џефри Арчер
Вилијам Ловел Каин и Авел Розновски, првиот – син на милионер од Бостон, вториот – имигрант Полјак без денар во џеб; двајца мажи, родени во ист ден на двата краја на светот, но решени да ги вкрстат патиштата во безмилосна битка за богатство.
10. Гордост и предрасуди – Џејн Остин
„Општо позната вистина е дека секој богат млад човек треба да си земе жена. Сеедно што чувствува, сеедно што замислил кога за првпат пристигнал во некој крај: затоа таа вистина е вгнездена во умовите на новите соседи и секое семејство го гледа како легална сопственост на една од ќерките…“
Фото- Pexels
Коментарите се затворени