Потребно е : 300 г суви и 300 г свежи свински папци, 300 г димени свински копанчиња, кромид, лук, лорбер, црн пипер во зрна и сол.
Сите состојки (нозе, кромид, лук, лорбер, сол и црн пипер) ставете ги во сад, сипете вода и оставете да се варат три- четири часа, на тивок оган. Потоа процедете. Месото исчистете го од коски, ставете во посуда, во која претходно сте ставиле и ситно исечкан лук, и додадете ја супата. Оставите да се излади и да се стегне, и по желба наросете со алев пипер.
Фото- La Cusine Creative
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени