Колач со морков
Потребно е: 2 филџана сварени и испасирани моркови, половина филџан кафеав шеќер, 3,5 филџани брашно, 2 лажички прашок за печиво, пола лажичка сода бикарбона, 3 лажици ѓумбир во прав, 3 лажици мелени ореви и половина филџан путер.
Првин сварете 10-тина моркови и испасирајте ги, така што ќе наполните два филџана. Во поголем сад измешајте ги сувите состојки (брашно, шеќер, печиво, сода бикарбона, ореви и ѓумбир). Исечете го путерот на парчиња и постепено додавајте го во смесата додека мешате. На крајот, ставете го пирето од моркови и се` добро измешајте.
На побрашнета површина измесете го тестото неколку пати, развијте го во голем круг и ставете да се испече. По желба ставете прелив или попрскајте со шеќер во прав.
Коментарите се затворени