Ротквици за закрепнување и против реума
Ротквицата потекнува од Азија и е едно од најстарите култивирани растенија во светот. Се наоѓа и на цртежите на гробниците на старите Египќани, кои ја сметале за чудотворна и лековита билка. Многу е распространета и се користи како салата, зачин или лек.
Ротквица нема некоја посебна прехранбена вредност, но има значајни гурмански и лековити својства. Има лутеникаво – горчлив вкус, содржи и натриум, калиум, магнезиум, витамини, нигросин, рафанол, горчливи и лути материи. Најдобро е да земате сок од ротквица или ситно да ја изрендате како салата.
Лековитите својства на ротквицата: Имаат благотворно дејство врз органите за варење, го зајакнува излачувањето во желудникот, создава апетит, закрепува, ја поттикнува работата на дишните органи и бронхии, лекува жолтица, се користи против појава на песок и каменчиња во жолчката, дејствува при болести на бубрезите, кај намалена функција на црниот дроб, помага во исфрлање на камчиња од мочниот меур, дејствува против реума, ишијас, кашлица, а се користи и за чистење рани и како диуретик.
Коментарите се затворени