4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Колумна: Креирам, живеам – Волшебна розова перспектива

Се сеќавам, кога бев дете родителите постојано ме потсетуваа да бидам благодарна за она што го имам во животот. Да бидам благодарна на топлиот дом, доброто здравје, на братот со кој имав прекрасно детство, на родителската грижливост и љубовта, која секојдневно ја добивав во изобилие. Се сеќавам на еден ден кога мајка ми ме прати во собата, да земам харија и да напишам листа од работи за кои сум благодарна што ги имам.
Ми беше тешко тоа да го правам, велев, животот не е праведен, ама, денес сум многу среќна што тоа ми стана навика, животна навика секогаш да ги набројувам работите што ги имам, а не да бидам тажна поради она што го немам.
Ги избирам моите мисли и зборови кои имаат голема моќ и секогаш позитивно влијаеле на мојата потсвест, за да го креираат мојот живот.
А денес навистина сум среќна, исполнета, успешна, благодарна за се што сум постигнала. Сите мои порази, неуспеси, средби со негативни и критични луѓе, беа моите најголеми благослови. Дарба е да не живееш во минатото, привилегија е да не си се лутиш себе си, да не се прекоруваш и да се сакаш безрезервно, таков каков што си, во својата несовршеност. Научив што е вредно, а што помалку вредно во животот, за кого и на што треба да го трошам времето.
Колку што повеќе бев благодарна за сите добри нешта, настани, луѓе, околности, умеев да бидам благодарна и за помалку добри работи, губитоци, падови и финансиски катастрофи. Секогаш верував и сеуште верувам дека секој неуспех, пораз и животен пад се случуваат поради моето најголемо добро. И кога од оваа временска дистанца можам да заклучам дека искуството низ животот ми кажало дека доколку негувам и го хранам умот со најпозитивни мисли и визии, секогаш ми се случуваат такви настани.
Јас имав некоја волшебна розева перпектива за сите предизвици кои ми ги носеше животот. Самата се прашував, од каде толку ентузијазам, позитивен став кон светот и луѓето…
Ќе почнам да ви раскажувам и опишувам по некој настан кој за многумина би бил катастрофа, крај на светот, депресија и тага, а јас сум ги доживувала како неопходност, нешто што претходи на некоја поубава и посреќна манифестација…
Некаде после распаѓањето на Југославија, во периодот на големи општествено политички престројувања и неизвесности, кога сите купуваа дуќани и сакаа да бидат бизнис ориентирани трговци, со мојот сопруг решивме да го продадеме станот кој го добивме од неговите родители, за да влеземе во роднинска инвестиција со неговата сестра и да купиме деловен простор. Беше тоа во центарот на Скопје, се радувавме на секој изграден сантиметар, гледајќи се како идни сопственици на продажен простор за женска облека.
Во меѓувреме додека чекавме тој да биде изграден, изнајмивме дуќан кај Млечниот ресторан. Бевме семејни луѓе со по две деца, на кои требаше да им се обезбеди мирно и среќно детство. Како професор по историја чекав на редовно вработување повеќе од четиринаесет години, сопругот беше вработен во градежна фирма која се распадна, и скоро без никакви сретства за егзистенција единствениот избор ни беше тој, да отвориме дуќан кој ќе продава ексклузивна женска гардероба.
Истовремено ни беше предизвик и аплицирањето за австралиска виза за чие процесуирање ни беа потребни пари, трпение, познавање на јазик и надеж дека убавиот живот и многу решени проблеми ќе не чекат во Австралија, ветената земја во која живееше мојот брат. Но, за жал, ниту еден од овие посакувани и очекувани животни планови не се исполни.
Со дуќанот и бизнисот очигледно не умеевме, не знаевме да го водиме успешно, па така го изгубивме и станот и деловниот простор, а инвестицијата во добивањето виза пропадна, затоа што бевме одбиени…Профитот од изнајмениот дуќан го инвестиравме во супер луксузно опремен, со позајмени сретства и надеж дека се ова еден ден ќе ни се врати. Се создаваа долгови, мачни мигови на неизвесни секојдневија и чувство на изгубеност и промашени инвестиции кои не чинеа неспокој, непроспиени ноќи и мисли…
Тогаш, во тие мигови на лично саморазубедување знаев дека не е се изгубено, дека сето тоа е само финансиска загуба, а најважно, дека сме сите здрави и живи, дека сме заедно а новите можности ќе се изнедрат однекаде, и дека сето ова е за наше добро…
Со часови со мојот сопруг, кој сето ова го доживеа како личен неуспех и катастрофа, сме разговарале и многу го разубедував да ја погледне светлата страна на животот. Тогаш се водеа војни на поранешните простори на Југославија, секојдневните ужасни глетки од војната и човечките страдања таму, ми беа утеха дека луѓето секојдневно ги губат најмилите, го изгубиле целиот имот, а финансиските загуби се сепак нешто што здрав човек може да ги стекне додека срцето му е исполнето со радост, дека најсаканите се до тебе и дека тоа е најголемата човекова радост и среќа.
Бев благодарна што од оваа загуба ние излеговме здрави, имавме стан од моите родители и се преселивме таму, поблиску до центарот, со нови луѓе, нови можности и надежи.
Денес го имаме најубавиот стан во центарот на Скопје, со волшебна тераса која ја имав во моите визии за кој Законот за привлечност ме награди, заради вербата која ја имам и убавата позитивна емоција- дека се што посакуваш, веќе го имаш. Внимателно осмислен, законот за привлечност е тука за во потполност да го трансформира мојот живот. Тој делува секогаш, без разлика дали сме свесни или не му придаваме важност.
Клучот е во освестувањето дека тој делува и совладувањето на одредени принципи и правила привлекуваат живот каков што сакаме. А, умот, мислата е владеачката сила во животот.

Наде Молеровиќ, мотивациски тренер

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена