4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Колумна: Креирам, живеам – Својот свет го создавате сами

Најголемото откритие на човештвото е дека моќта на умот може да ги креира сите аспекти од нашиот живот. Се што ние гледаме околу себе и во светот околу нас, се создало најпрво во човековиот ум како идеа, мисла или сон на некој човек. И во нашите животи најпрво започнало од мислата, желбата или надежта. Мислите се креативни. Тие всушност ни го обликуваат светот и се што ни се случува.
Има една мисла која за мене ја резимира и суштината на сите религии, филозофии, метафизика, психологија на успехот, а таа гласи : Стануваме тоа за што најчесто размислуваме, или – Јас не сум тоа што вие мислите за мене, туку јас сум тоа што јас мислам за вас.
Уф колку моќна и вистинска мисла за објаснување и разбирање на луѓето со кои секојдневно сме во комуникација и интеракција. Многу истражувачи сакале да откријат за што најчесто размислуваат успешните луѓе. Одговорите кои биле давани најчесто се дека секогаш размислуваат за тоа што сакаат да постигнат, и на кој начин да го реализираат.
Несреќните, неуспешните луѓе пак најчесто размислуваат за се што не сакаат и не им се допаѓа. Воглавно зборуваат за своите проблеми, грижи и ќе ви набројуваат кој се е виновнен поради тоа што не успеваат. Секогаш имаат изговори и оправдување за својата состојба, од која не се задоволни.
Се за тоа што размислувате, полека станува ваша реалност. Успешните луѓе своите мисли ги канализираат и разговараат на теми, идеи и искуства- како да си ги остварат своите желби. Тие не зборуваат за другите луѓе, ниту пак времето го губат во анализи на кој што кажал, зошто кажал ..итн .
Живот без јасни цели е исто како да возите автомобил низ магла. Без разлика колку светлата ви се јаки или техничките перформанси на автомобилот се одлично исконструирани, вие ќе се движите несигурно и многу полека, очекувајќи и надевајќи се дека нема да удрите во некоја карпа. Оној момент кога ќе одлучите што сакате од животот и кога ќе бидете самосвесни дека огромен потенцијал лежи во секој од нас, ќе си поставите цели како да го постигнете тоа.
Насочете ја целата своја енергија и способност во тоа за што сметате дека сте најдобри. Ако сте наставник бидете најдобриот, ако сте адвокат бидте најдобриот, ако сте студент посакувајате да бидете најдобриот.
Ако само решите што сакате. ќе почнете непогрешливо да се движите во правецот на вашите цели. Само така со јасни цели, силна желба, верба во себе дека се може доколку се сака, ќе ве натера мислите секогаш да бидат насочени кон исполнување на своите соништа.
Ако вашата цел е навечер да седнете пред телевизор, скоро и сигурно дека ќе го остварите. Ако вашата цел е да создадете среќен, исполнет и здрав живот, сигурно ќе го оставрите. Какви убави, ведри, раскошни и детални среќни слики за исолнување на вашите цели и соништа ќе си негувате секјдневно во вашиот ум, така и ќе ги создавате секојдневно во реалноста. Чудата ќе се случуваат во вашиот живот, верувајте!!!!
Наде Молеровиќ, мотивациски тренер

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена