Инспирирана од филмот „Сенки“ на режисерот Милчо Манчевски, креативката и модната стилистка од Битола, Надица Бицева-Димитровски, ја создаде новата колекција накит „Коски“. Таа создава парчиња колекции накит дизајнирани под нејзиниот бренд „Ателје Креација“, спој на уметничко творештво и културата.
– Колекцијата „Коски“ е визуелно олицетворение на кревкоста наспроти цврстината. Во модата поимите рибина коска, слонова коска, не се непознати, во мојот дизајн ги употребив и ги претставив во авангардна форма, појаснува Надица Бицева-Димитровски.
Сите производи се изработени од репроматеријали и помошна галантерија со висок квалитет и европски стандард.
– Цела колекција „Коски“ е во основа изработена од полимерна глина. Акрилни бои, кожа, фолија, циркони го надополнуваат дизајнот. Како и сите претходни, така и оваа колекција е наменета за зрели жени кои имаат изграден стил и сакаат да го надополнат со впечатливо парче накит, вели таа.
Надица дизајнира авангарден накит од текстил и глина, но повремено изработува и модни додатоци, поточно пластрони, фасцинатори, лептир машни, марами…
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени