4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Македонското вино од „Камник“ во топ- десет најдобри во светотот

Ten Barrels Syrah 2017 Reserva од Винаријата Камник доби златен медал и е прогласено за едно од најдобрите 10 Сира вина во светот, на Syrah du Monde 2020, Меѓународниот натпревар за најдобрите Сира вина.
Сира 2017 од Винарија Камник го зазема престижното второ место претставувајќи ја нашата држава пред пласираните производители од Австралија, Франција, САД, Португалија, Канада, Јужна Африка.

Четиринаесеттиот квалитативен натпревар на најдобрите светски вина се одржа на 27 и 29 октомври во Шато д’Ампуис во северната долина на реката Рона, Франција. Во контекст на натпреварот се дегустирани 307 примероци Сира вино од 27 земји, во согласност со меѓународните правила и се доделени само 14 златни медали на светско ниво.

Сира 2017 од Винарија Камник е вино добиено од сопствените насади, и се карактеризира со интензивна рубин црвена боја, висок екстракт и голем потенцијал за созревање, додека букетo изобилува со ароми на црвено и црно ситнозрнесто овошје. Комплексноста на ова вино се должи на 17-месечното одлежување во нови буриња од американски и француски даб кои придонесуваат за добивање дискретни зачински тонови, елегантен и полн вкус, со одлична структура, кадифени танини и добро интегрирани дабови ароми со долготраен послевкус.

 

7дена.мк

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена