5.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Многу љубов на промоцијата на „Не сум грешница“ на Барбара

Во друштво на своите пријатели, драгите луѓе и колеги, во опуштена, полна со емоции атмосвера се случи промоцијата на нова песна на харизматичната Барбара.
Станува збор за балада, женска песна полна со копнеж, „Не сум грешница“, што ја напиша Тони Апостоловиќ, алијас Tony Show а е снимена е во студиото на Драган Ристовски, кој е и продуцент на истата.
Овој проект е создаван чекор по чекор, со многу љубов, посветеност и во него учествуваше и Рикардо Хуна (кларинет) а пратечките вокали ги испеа Гога Вучиќ. За видео записот се погрижи продукцијата на авторот Tony Show mk music кој и го режираше спотот.

Како што спомна хероината на вечерта, видеото е работено на неколку локации во Скопје, во две цркви на Скопска црна гора : Свети Илија и Света Троица, како и во козметичкиот салон Хера и кафулето Greenet.
Промовирањето на спотот беше проследено со громогласен аплауз, а Барбара потврди она што го забележаа сите присутни- дека е многу среќна и се надева дека ова песна ќе стане химна на сите жени кои веруваат во љубовта.
И посакуваме многу среќа на Барбара, наскоро ја очекува промоција и во соседната Србија а за тој пазар е направен аудио и видео запис на „Не сум грешница“ на српскиот јазик.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена