Моделс ИН Менаџмент: Во здраво тело, здрав дух
Дека ништо не е случајно, односно дека зад секој успешен човек, стои тој самиот, најчесто препотен и премотивиран, сведочат и фотографииите на нашите познати модели и нивната работа на себе. Во светот на моделингот има неколку златни правила и кога се придржувате до нив, вашата шанса за напредок се зголемува. Сведоци сме на општо прифатено мислење дека убавиот изглед подразбира бавење со моделингот, така е најлогично. Но, тоа е само навидум така.
Кога ќе дознаат колку време нашите најуспешни модели поминуваат во фитнес центрите и колку внимаваат на исхраната, тогаш повеќе од половината девојки и момчиња кои биле заинтересирани, се откажуваат од оваа професија.
Стефан Спирковски
– Телото и ставот се една од најзначајните ставки во кариерата на успешните модели, затоа колку подобро оформено тело, толку посигурен пласман. Ние можеме да се пофалиме со голема дисциплина и посветеност на нашите модели- вели Алек Наумовски од модната агенција Моделс ИН Менаџмент.
Софија Симоноска
-Моделите самите се свесни дека ако не се стремат кон наметнатите пропорции од светската модна индустрија, нивните ангажмани значително ќе се намалат. Ако не им стане животна навика да внимаваат на телото, можат да да се збогуваат со кариерата на модел. Уште една важна ставка е менталното здравје кое е исто така важно за моделите: кога постигнуваат резултати нивниот мозок го лачи допаминот, хормонот важен за личната среќа.
Едноставно кажано- во здраво тело, здрав дух.
Елена Реи
Ѓорѓи Поповски
Помеѓу најуспешните модели – спортисти се : Елена Реи, Павле Николовски, Христијан Стојаноски – Крис, Софија Симоноска, Ѓорѓи Поповски, Ивана Манас, Матеј Костовски, Миа Симоновска, Алекс Златановски, Лука Петковски, Викторија Ристовска, Еван Умленски, Никола Андоновски, Виктор Пецев, Ангела Младеновска, Стефан Спирковски, Петар Костовски, Елена Гугоска и Стефан Стојаноски.
7дена.мк
Коментарите се затворени