8.8 C
Skopje
среда, јануари 29, 2025
spot_img

Модна ревија на учениците од „Лазар Личеноски“

Овој петок, 9 јуни, во склоп на годишната изложба на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ отсекот за текстил и моден дизајн ќе се претстави со модна ревија, голем предизвик за учениците кои инспиративно ја завршија задачата.

На ревијата учествуваат 9 ученика од четвртата година: Канита Зеќировиќ, Илина Филиповска, Каја Милчин, Јована Петрушевска, Лука Димитриевски, Емили Илиевска, Ивана Апостоловска, Роса Илиевска, Сашка Марковска и Миа Треповска.
Нив им се придружуваат учениците од третата година: Ивана Гијовска, Мила Николиќ, Невита Аџија, Милена Пешевска и Мила Трпковска.
Инаку, секој од нив развиваше моден и костимографски концепт на различна индивидуална тема: Ренесанса, Египет, Грчка митологија, Ампир стил…,
под менторството на професорката Елена Вангеловска.
Изведба на костими е на Раде Василев и Нечка Рамадан.
Модната ревија се случува во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ од 21 часот. Влезот е слободен.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена