А -Алтруизам- го имаш или не…и не очекуваш ништо за возврат.
Б– Благослов- Благодарна на небото за се’ што ми има дадено .
В– Верба-…и кога се’наоколу те демантира.
Г– Големина..човечка.
Д– Доблесност-и покрај тоа што ќе те третираат за наивен и глупав.
Ѓ– Ѓоамити- божем пријатели, божем убавина, божем љубов, божем …
Е– Емоција-ќе те воздигне или ќе те убие.
Ж– Живот…животиште!
З– Заслуга…ако има кој да ја признае и вреднува.
S– Sунка, една од моите мачки
И– Изглед-извлечи го најдоброто од себе.
Ј– Јин-јанг, вечната потрага по равнотежа.
К– Книги-по говорот се чита кој читал и што читал.
Л– Лето-кога би била таму каде што е вечно.
Љ– Љубов- “Ако љубов немам, ништо немам!“
М– Миленичиња- Не можам да го замислам животот без нив.
Н– Надеж…дека последна умира.
Њ– Њоки…меѓу другата паста.
О– Огледало-и физичко и духовно
П– Префинетост-со кандилце да ја бараш.
Р– Разум-како денес да го сочуваш?!
С– Сон…со отворени очи- генератор на животот.
Т– Телма-си беше еднаш една урбана, современа, културна ТВ.Сега веќе не е.
Ќ– Ќефир, домашен,секојдневно.
У– Убавина. Дали убавината може да го спаси светот?!
Ф– Фитнес-зависност која ме спасува.
Ц– Црно-боја небоја…моја.
Ч– Чoпер -неостварена желба.
Џ– Џенем..да фатиш кога од се’ ти е “преку глава“.
Ш– Шампањ,секогаш и секаде.
7дена.мк
Фото- Стефан Соколовски и приватна архива