10.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

На 26 мај, во градот под Марковите Кули: „Прилеп фолк фест 2022“

На 26 мај во Прилеп ќе се случува 6- тото издание на фестивалот на авторската народна музика „Прилеп фолк фест 2022“.

Фестивалот ќе се одржи во Домот на културата „Марко Цепенков“ а ќе настапат најголемите македонски фолк звезди: Блага Петреска, Наум Петрески, Нино Величковски, Зуица Лазова, Марјан Коцев, Елена Велевска, Адријана Ацевска, Сузана Гавазова, Сања Ристеска, Сања Барбика, Спасен Сиљаноски, Анета Арсовска, Живее Мешуревски, Јордан Митев, Татјана Стефановска, групите Фокус, Анета и Молика, Скопски боеми и Маестро.

Тие ќе изведуваат песни на дел од најдобрите македонски автори: Миле Барбаровски, Милан Завков, Николче Мицевски, Дејан Момироски, Борче Нечовски, Горјан Стојановски, Огнен Неделковски, Ѓорѓи Барбаровски…
Фестивалот е во организација на Здружението за музичка продукција и организација на настани „One way- Скопје“, а под покровителство на Општината Прилеп.
Директорот на фестивалот, Борче Нечовски, ја даде следната изјава:
– Огромна е одговорноста да се организира еден ваков фестивал, но уште поголемо е задоволството што на него ќе настапат голем дел од најдобрите артисти и автори, кои оставиле огромен белег во нашата новокомпонирана народна музика.
Потребата од вакви фестивали е секако многу важна имајќи ја во предвид моменталната ситуација на општествено, а секако и на културолошко ниво. Посебно ме радува што на нашиот повик се одзваа буквално најдобрите и сум убеден дека и љубителите на народниот мелос во Македонија ќе уживаат во новите фестивалски песни.Сакам да изразам голема благодарност до општина Прилеп како главен покровител, а секако и до МРТ која е наш медиски партнер.“

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена