Групата Галија ќе одржи концерт на античкиот локалитет Хераклеа во Битола а денот на случување е 3 септември во 21 часот.
Акустичен концерт за прв пат групата Галија одржа на Бадник 1995 година а идејата за нова средба се појави како резултат на милионските прегледи на каналот you tube.
Галија го започна проектот „Акустично како некогаш“, минатата 2019 година во Београд и Нови Сад, и концертите беа рекордно распродадени.
Групата Галија во полн состав пред битолската публика настапувала во далечната 1987 година.
Влезниците за овој концерт во предпродажба можат да се набават преку продажната мрежа на мктикетс. Концертот е во организација на „Сцена“ – Светски музички форум.