Новиот тв ангажман на Сузе Турунџиева почнува утре (недела) во, народски кажно -3 часот на 1ТВ. Неделно попладне на нејзин начин, кое, знаејќи и ја креативноста и работливоста, ќе привлече голем тв -аудиториум.
– Емисијата е од забавен, релаксирачки карактер, онака како што и прилега во неделите, вели Сузе. -Ќе обработувам теми, подеднакво забавни и за жените и за мажите. Теми за кои малку зборуваме а премногу озборуваме. Првата е: Што е она што жените би сакале, мажите да знаат за нив и обратно, а гостите се Александар Ристовски- Принц, Џина Папас -Џокси и Катерина Златановска -Попова.“
Се е подготвено а ние, љубопитни. Вистинска формула за- старт.
Коментарите се затворени