Студот ги гори калориите
Студот, слично на физичката активност, го стимулира создавањето кафеави масти, кои за возврат ги согоруваат белите масти, претворајќи ги во топлина.
Треперењето од студ може да согори речиси толку калории колку и физичките вежби, вели едно австралиско истражување.
Обично, кога трепериме, посегнуваме по дебела облека, но според научниците тоа е и ефикасен начин за намалување на килограмите.
Истражувањето направено од научници на Универзитетот во Сиднеј е проверено врз волонтери кои поминале некое време на температура пониска од 5 Целзиусови степени. Како резултат на тоа започнале да се набљудуваат хормонални промени, еквивалентни на еден час вежбање.
Истите овие хормонални промени се поврзани со создавањето кафеаво масно ткиво, вид на масти кои согоруваат енергија.
„Откривме два хормони кои се стимулираат од студ – ирисин и FGF21, и кои се ослободуваат со тресењето на мускулите – коментира д-р Пол Ли од Универзитетот во Сиднеј.
Од медицинска гледна точка хормоните ирисин и FGF21 претставуваат ладно стимулирање на хормонскиот систем, што претходно било сосема непознато.
Фото- Pexels
Коментарите се затворени