Блага Петреска : Зад секоја успешна жена….
Зад секоја успешна жена стои самата таа, колку и да е нежна, романтична и кревка а сите сме такви длабоко во себе. Кога ќе ви се случи животот, потребно е да вложите огромна воља, ве чека многу работа, а предизвиците и премрежијата се на секој чекор. Луѓето што ги среќавате по долгата патека наречена животот, остануваат и си заминуваат. Но нешто е вечно: молитвата. Благодарна сум за се што ми се случи, исполнета сум и спокојна.
Се разбира, секогаш сум била организирана и дисциплинирана, се откажав и одрекнав од многу битни моменти во животот. Во меѓувреме се јавуваше несоница, ме навтасуваа стравови, поврзани со неизвесноста. Но, победи мојата огромна воља за животот а до најклучните сознанија дојдов благодарение на молитвата… Колку и да мислиме дека сме семоќни, дека сме нешто посебно, без Неговата помош би биле изгубени, незадоволни и несреќни, а кога сме такви нема успех, особено не во мојата професија.
Кога ќе се вратиме на изворот, кога ќе осознаеме зошто сме тука, животот, секоја негова минута, секој момент стануваат нашата најголема награда.
Коментарите се затворени