Овој викенд шеф Снежана Ангеловска ја имаше својата прва чоколадна изложба : куќички во зимски амбиент, возови, чоколадни лижавчиња…, чоколадно, црвено, бело, шарено, се беше во претпразничен амбиент и привлече многу гости. Навистина имаше што да се види на штандот на чоколадната кралица, како што ја нарекуваат Снеже, која со посебна возбуда раскажа за подготовките, топење на црното чоколадо за големата торта што се приготвуваше на лице место, во Веро центар Џамбо.
Имено, во склоп на чоколадната изложба, шефовите на Гастромак ја направија тортата долга 4 метри, за само 29 минути, што, на задоволство на гостите- уште побрзо се изеде.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени