Неконтролирано јадете и ги саботирате сопствените напори за слабеење? Еве како да си помогнете
Зошто луѓето почнуваат неконтролирано да јадат? Зошто посегаме по чоколада, крофни или чипс кога сме уморни, напнати или ни е здодевно? „Кога сме под стрес, копнееме за храна што сме ја сакале како деца, зашто детството е онаа доба во нашиот психолошки развој кога стресот речиси и не постоел“, објаснува психологијата.
Затоа не треба да се чудите ако во стресен период или кога сме под притисок не ни се јадат варени брокули. Но, кога таквите страсни желби ќе почнат да ги саботираат нашите напори за здрав живот и слабеење, и самите може да станат извор на стрес. Последица? Погледнете се во огледало.
Ова е пописот на најновите стручни трикови како да се откачите од зависноста од храна.
1. Одбегнувајте ги своите слаби точки
-Сакате благо: јадете овошје.
Првите неколку дена секогаш е најтешко, зашто во тоа време не е можно во целост да се елиминираат старите зависности. Меѓутоа, колку подолго ги одбегнувате своите слаби точки, веројатно дека ќе станете зависни и ќе ја посакувате храната што ја јадете сега, а тоа е повеќе од добредојдено, особено ако сте се префрлиле на свежо овошје.
2. Уништете ја напаста
Сте подлегнале на желбата и сте си купиле кутија кекс, па ве гризе совест? Уништете ја кутијата!
Немојте само да ја фрлите во ѓубре. Полијте ја со вода. Здробете ја! Ќе се чувствувате како да сте постигнале нешто големо, додаваат стручњаците. Притоа, немојте да размислувате за потрошените пари.
3. Задолжително – јаткасто овошје
Испијте две чаши води и изедете 20 г јаткасто овошје (шест ореви, 12 лешници). Тоа, во наредните 20 минути ќе ја „заузда“ вашата зависност и ќе го намали апетитот.
4. Неколку голтки кафе
Наместо да посегате по слатки, подобро напијте се неколку голтки кафе со млеко. Кофеинот веројатно нема да ја уништи вашата желба, но ќе ви го намали апетитот и така ќе ве поштеди од вишокот калории.
5. Олабавете се
Со оглед на тоа дека стресот силно ја поттикнува желбата за храна, би било добро да научите да се справувате со стресот, зашто тоа ќе ви заштеди стотина калории на ден. Затоа е потребно малку вежбање. Обидете се длабоко да дишете или, пак, да визуелизирате некоја релаксирана сцена, а сето тоа може и да го забрзате ако купите це-де со прогресивно олабавување на мускулите.
6. Спиење
Кога сме уморни, полесно им се препуштаме на зависностите. Затоа склопете ги очите и повратете ја загубената енергија.
7. Освежете го здивот
Измијте ги забите. Кога имате чисти, измиени заби и уста не сакате да ги извалкате.
8. Сами свртете го вниманието на себе
Ако сте посакале сладолед, тогаш тоа не е глад, туку само желба. Тоа по правило трае десет минути. Наместо тоа, насочете ги своите мисли на нешто друго – јавете се некому, слушајте музика, џогирајте, медитирајте, вежбајте…
9. Угодете си – во границите на нормалата
Добро е одвреме-навреме да го изедете омилениот сладолед. Но, немојте да купувате цела кутија сладолед – земете само еден корнет. Штосот е во тоа да не купувате на ангро за да не се доведете во ситуација да изедете се`.
10. Менувајте ја маршутата
Менувајте ја својата секојдневна маршута низ градот за да не поминувате покрај некоја пекарница, пицерија и сл.
Коментарите се затворени