Пржен ориз
Потребно е: 50 г сланина исечена на тенки ленти, 4 јајца, поголема главичка иситнет кромид, малку масло и сол, 100 г пропржен грашок и 200- 300 г варен ориз. Наместо сланина, може да се користи кое било друго месо, а наместо грашок, кој било друг зеленчук или мешавина од зеленчук.
Сланината и кромидот се пржат една и пол минута, се додаваат изматените јајца и оризот, се прави кајгана и на крајот се додава малку пропржен зеленчук. Сето тоа се промешува за да се соедини.
Можете да додадете и доматно пире со мирудии.
Коментарите се затворени