Никулци во домашни услови- лесно се одгледуваат и многу се здрави
Никулците се најприродна и најздрава работа, а за да ги „произведеме“ дома не е потребно ништо особено – напротив, можеме да ги гледаме секој ден и растењето да го приспособиме на својот вкус. Во фазата на никнување и ’ртење, волуменот на зрното се зголемува неколкупати. Кога од една чинија за супа ќе оставиме да никне леќа, добиваме салата во количина доволна за тројца возрасни луѓе, ама многу побогата со витамини и минерали од кое било овошје или зеленчук. Таквата салата не го оптоварува организмот, туку е одлична за чистење на отровите од организмот.
Многу здрави се и пченичните никулци – времето на натопување на пченичното зрно изнесува 12 часа, а времето на ‘ртење 3-4 дена, и тоа на 20 степени. На сосема ист начин можат да изртат и зрнцата на другите житарки и други семки.
Подготовка – измиената пченица се потопува во чиста млака вода, најдобро е во тегла и тоа во количина од два прста, се прекрива со вода и така отстојува 12 часа. Потоа зрнцата се цедат, а водата не се фрла, туку се пие затоа што е полна со минерали и витамини. Теглата се покрива со газа и се зацврстува со ластиче.
Додека никулците не израснат 1,5 до 2 сантими, се плакнат еднаш до два пати дневно и тоа со ладна вода. Важно е да бидат влажни, но не и потопени. Неколку часа пред да ги употребите, никулците се ставаат на сонце поради формирање на хлорофил. Тие можат да се јадат во секаква состојба, ама и да се уфрлат во супи, салати, јајца, рижото и сл.
Рецепт: 2 банани (сосема зрели), половина филџан изртени никулци, 1 лажиче мед, 1 лажиче таан и 2 лажици какао.
Коментарите се затворени