Долгоочекуваниот список на регионални ѕвезди кои ќе настапат на MAC церемонијата во белградската Штарк Арена почна да се открива – организаторите ја потврдија првата ѕвезда која ќе блесне на бината на 27 јануари. Нина Бадриќ настапува на MAC, а информацијата доаѓа точно во моментот кога на јавноста и ја претстави новата песна, моќната балада со назив „Ратујем с тугом“.
MAC 2020 ќе биде, според најавите на организаторите, уште поспектакуларен од претходниот. Свеченото доделување на наградите ќе трае три часа, а церемонијата ќе ја пренесуваат најгледаните телевизии во сите земји учеснички. Само за оваа прилика најголемите регионални музички ѕвезди, меѓу кои и Нина Бадриќ, ќе имаат специјално осмислени настапи, на најимпозантната бина кога било видено во овој дел на Европа, со звучни и светлосни ефекти во склад со највисоките продукциски стандарди, по кои организаторот Скајмјузик е веќе регионално познат.
Освен настапот на MAC, Нина за 7 март следната година најави и голем концерт во Арената Загреб, па новата балада „Ратујем с тугом“ претставува најубав вовед во нејзините два најголеми настапи во 2020 година.
Пред две години песната „Рекао си“ е прогласена за песна на годината, а ја означи одличната соработка меѓу Анте Пецотиќ и Нина Бадриќ. Овој сега веќе уигран тим носи силна нумера која со својата мелодија пренесува виор од емоции за кои зборува.
„Се вљубив во оваа песна на прво слушање. „Ратујем с тугом“ има силна животна емоција, а јас такви песни сакам. Верувам дека многумина ќе се препознаат во неа“, вели Нина, и додава: „Мојата публика, моите драги пријатели имаат доволно време да го научат текстот, да ја проживееме и во живо заедно. Освен неа и сите оние убави музички мигови кои ги поминавме во изминатите 25 години, ќе го прославиме тоа наше пријателство. Искрено не можам да го дочекам овој ден:“
„Возбудена сум како заради мојата нова прекрасна балада, така и заради номинациите за поп изведувач и едвај го чекам настапот на MAC! На секој музичар му е чест и задоволство да настапи на толку значајна регионална музичка манифестација. Би сакала да ги откријам сите детали, но сепак нека остане изненадување“, вели Нина.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени