Писмо до Дедо Мраз. Ристе Тушевски: Да имам сила во 2020-та година уште повеќе да творам
Се наближува Новата година, и кој не бил – станува среќен, го фаќа радоста и еуфоријата што владее секаде. Верувам во Нова година како- нов почеток, нови идеи, ново поглавје.
Зад нас е уште една година во која оставивме доволно дела запишани во музичкото катче, тие што немаат рок на траење и ќе се слушаат вечно. Тоа е најголема радост за душата, на идните генерациии да им се подарат песни со кои со задоволство ќе се сеќаваат на нас. И во мене е голема радост пред овие празници, расте упорност и предизвик за нови дела, со кои ќе творам во 2020, за која сум сигурен дека ќе биде бериќетна.
Нека Дедо Мраз на сите во Новата година ни донесе убавини, среќа, здравје а на мене сила да можам уште повеќе да творам, со љубов кон музиката.
Коментарите се затворени