Нина Деан вљубена до уши: Пресреќна сум, во април ќе станам мајка
Ако веруваш во чуда – чуда ти се случуават. Особено ако си отворен кон светот, подготвен на предизвици, животот, ако си благодарен и ги гледаш сите убавини на планетата. Ете токму тоа и се случи на актерката Нина Деан.
Тие што ја познаваат, велат дека никој не му се восхитува на сонцето како што прави оваа харизматична девојка. Таа танцува на дождот, нурка како да е родена на море, едноставно- радоста е нејзиното средно име.
И сега замислете, по 13 години таа го среќава Мартин, нејзината прва љубов, со кого во меѓувреме немала никаков контакт ниту пак знаела каде е и што е.
Едноставно, како и многуте први љубови тој требаше да остане во фајлот наречен – спомен.
Арно ама, еве го- повторно нејзиниот драг Мартин, што ја „пие“ исто како некогаш, тој дел што недостасуваше во мозаикот нареќен среќа и погледнете ја Нина- цутииии!
И, за да среќата биде потполна, таа е бремена, и некаде во април ќе стане мајка.
– Пресреќна сум- цврчори Нина со ѕвездите во очите. „Никогаш не било вака и сигурна сум дека Мартин се појави за да го исцртаме и затвориме кругот. Не се двоиме, се смеееме, се сакаме, едноставно знаеме дека сме еден за друг и тука нема некоја философија. Среќата не одбра нас а и ние неа. Бебето само е потврда дека нештата се таму каде што им е местото.“
На оваа убава вест, многу се радува и мајка и на Нина, Гордана Деан. Втората ќерка, Јоана, како што веќе пишувавме, летово стана мајка, а сега штркот ќе донесе уште едно бебе во фамилјата.
Токму затоа, Гоца во април, по толку години живот на Еквадор, ќе дојде во Скопје, да присуствува на убавиот настан и секако, да и помогне на Нина во првите денови на мајчинството.
Вања Тодоровска
Коментарите се затворени