Нино Величковски, учесник на „Охрид-фест 2020“: Новата песна е нова радост, нова рожба и среќа
Нино, ги сакаш фестивалите, ама и тие тебе. Кога ќе се спомне „Охрид- фест“, како уметник со долгогодишен стаж, навистина имаш многу да кажеш. На што најрадо се сеќаваш, на кои луѓе, средби и песни?
– Токму така. Ги сакам фестивалите, тие се празник за пеачите. Патем, нам ни требаат фестивалите, тука созреваме, тука учиме ако сакате…Учиме од другите колеги, разменуваме музички идеи и пред се се дружиме а тоа неможе никој да ни го земе! Тука е и музичка берза. Се гледаму и договараме со композитори, аранжери, автори на стихови, менаџери, новинари…
На Охрид-фест, Охридски трубадури сум од почетокот, со прекрасна песна на Миодраг Божиновски -Мичо, музика и аранжман а со
текстот на Васил Пујоски „Копнеам да те видам, пред скоро 25 години!
Тогаш фестивалот се одржуваше на платото пред престижниот Хотел ПАЛАС!
Пеев и на Долни Сарај и пред хотелот Нова Ривиера. Значи преку 10 песни.
Ќе си спомнам Биди ми бисер, (муз:Миле Барбаровски, текст: Огнен Неделковски арр:Миле Барбаровски), отпеана со моите Кумановски Тамбураши.
После фестивалот свиревме под пенџери на охриѓаните и туристите, карши црквата СВЕТА СОФИЈА, во истоимениот ресторан.
Песна н Ванчо Димитров-музика , текст на Огнен Неделковски, „Лажи срце“, пред скоро 20 години, за да еве во последните 3 години имам 2 песни, музика од синот на Огнен, Филип Неделковски, со аранжман на Цане Петров.
Едната нумера Лина, испена во 2018 и годинешната прекрасна песна „Чувај не песно“ (музика- Филип Неделковски, текст- Огнен Неделковски, аранжман Цане Петров). Имам отпеано песни и од други автори: Григор Копров, Боби Серафимовски, Цане Петров, заедно со oктетот КУМАНОВО, песна од Ванчо Димитров во 2013 година …со награди и за музика и за најдобар аранжман, за најдобар текст и најтрубадурска песна …Традицијата продолжува и еве ме и годинава на пеење и дружење во Охрид на ОХРИД ФЕСТ!
И годинава си дел од фестивалското празнување на песната. По неколкумесечната изолација, најпосле- сцена, фестивал… Како се чувствуваш, кажи ни нешто за новата композиција потпишана од тандемот Неделковски?
– Навистина се радувам: нова песна, нова радост, нова рожба. Тандемот Неделковски… Огнен со скоро 30 години стаж…Тој ми ги има напишано стиховите скоро за сите фестивали на кои сум учествувал : најмногу за ВАЛАНДОВО Фолк Фест. Таму се запознавме, јас со него, тој со Соња -тоа е судбина …и инспирација.
За Охрид- Фест тој ги напиша скоро сите текстови. За Лешок- Фест и многу други наменски песни, за мојот град Куманово, за ресторанот Грација, песна за мојот легендарен другар Шоиќ, човек- оркестар…
Но предизвик е да се работи и со млади автори: Филип Неделковски е
вистинско богатство и голем потенцијал и допрва ќе го покаже својот раскошен талент! Соработуваме, ова ни е четврта песна, две на Лешок- Фест и две на Охрид- фест.
Ова најновата, ми легна пеачки и навистина и вистинска ОДА за песната,
со можност да се пее полифоно, со одличен аранжман и текст кој
инспирира …
Пандемијата остава траги и последици во сите професии, но вие музичарите најмногу ја чуствуваве изолацијата.
– Да, пандемијата си го направи своето и сеуште не ни дава целосно да и се посветиме на публиката…Нам ни требаат настапи пред публика, пред гости,
ја нема таа магија, тоа взаемно давање и земање енергија. Песната е жива материја, мора да има комуникација …Да не го зборувам вториот а битен елемент,
за опстанокот и борбата на музичарите, авторите и пеачите за егзистенција.
Само од љубов кон и за музиката не се живее…Се надевам дека ќе дојдат поубави времиња.
Кој лично те познава, освен што си голем уметник, знае колку си духовит, интересен, магнет за луѓе и друштва. Што мислиш, колку твојот став кон животот ти дава енергија? Ти едноставно- не старееш.
– Незнам дали има формула или рецепт за тоа како да се живее животот. Ако сте спремни да танцувате со животот – ќе успеете!
Значи дека има и тешки ТАНЦИ! Колку ќе можете да се справите со сите предизвици што ги носи -а ги носи оваа професија, со сите ризици и себе давање во професијата пеач-естаден уметник, а да останете свој и човек -во вистинска смисла на зборот -сте успеале! Секогаш се навраќам на стиховите:
„Што сум доби јас – што сум изгубил, каде тебе, еј животе сум те потрошил!“
И, имам една моја мисла: брзо спиење, се друго поспоро. А на некои добронамерници им велам: што ми мислите, Господ да ви врати.
Животот е убав. Една насмевка или еден бакнеж, може да реши се.
Вања Тодоровска
Коментарите се затворени