Оваа тајна Кинезите ја познаваат повеќе од 5000 години: во секој од нас преовладува еден од петте основни елементи: дрво, вода, оган, метал и земја. Храната енергетски делува на три начини: неутрализира, тонифицира и ги ускладува основните елементи на вашата конституција.
Потоа, тајната на доведување на телото во рамнотежа и осигурување на енергијата потребна за функционирање на организмот е во тоа да јадеме храна која е сродна на нашата природа.
Но, како правилно да ја избереме?
Кај жените со издолжена градба, со богата фантазија и интуитивни („дрво“), најслабата точка е црниот дроб и за да подобро функционира, мора да се консумираат продукти со сладок вкус (житарки, бело месо, риби, компир, грашок, тиквици и дуњи) и по некој залак кисела храна.
Киселата храна пак, го ускладува организмот на жените наречени „оган“, страствени и немирни, кои најчесто имаат проблеми со капиларите. За да го нахрани својот доминантен елемент во исхраната, овој тип на жена мора да додаде и горчливи продукти како цитрусни овошја, кафе и чај, кои инаку преовладуваат во исхраната на жена „ земја“, која има карактеристичен медитерански изглед: раскошни гради и тенденции за дебелеење на бедрата. Во секојдневната исхрана би требала да внесува и малку слатка храна.
Кај жената „ метал “ (слаби и „коскести“) основен принцип е исто како кај жените „земја“- горчилива храна.
Но, се советува и лута, пикантана храна: мирудии, црн пипер, лук, лути пиперчиња, целер, праски, бадеми, пилешко месо и џумбир. Овие продукти се основни кај жената „вода “, која би требало да додаде малку сол во својата исхрана, и секако риби и маслиники.
Научниците предлагаат да јадеме храна од поднебјето во кое се наоѓаме, на тој начин се наоѓа вистинскиот склад помеѓу храната и организмот.
Фото: Pexels