„Кога си во Лондон сите опции се во игра, вели Алек Наумовски, ко – сопственик на Моделс Ин . Еве ја лондонската приказна: Како дел од модната агенција BMA Models, нивниот успешен модел Сандра Цветкова, која веќе подолг период престојува во Лондон, неодамна ја сними рекламата за светски познатиот газиран пијалок „7 up“. Деновиве е актуелна со најновиот едиториал за реномираниот магазин WEDDING IDEAS .
Цветкова веќе 5 години работи како модел и навистина е една од ретките која знае за професионалност и одговорност, велат од нејзината матична агенција Моделс Ин Менаџмент .
„Сигурни сме дека Сандра одлично работи интернационално и нејзините успеси го докажуваат она што и ние го знаевме, дека покрај нејзината убавина и шармантната насмевка таа има храброст и доследност во работата. Искрено посакуваме вакви модели да не представуваат во светот- заврши Алек Наумовски.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени