5.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

„Ој девојче“ во ново руво со ДЏ Деловски, „Синтезис“ и Тоше

Неодамна се случи промоција на нов музички проект – колаборација и преработка на една од најпознатите македонски етно изданија “Ој Девојче”. Во првичната верзија во 2004 година оваа песна ја изведоа Синтезис и Тоше а новата верзија, во електронско издание ја направи ди џеј и продуцент Деловски кој, како што вели имаше голема трема но и голема желба да создаде нешто ново. Всушност, целта му беше „старо-нова песна“ да остане со оригиналните вокали од – Тоше Проески и затоа прокектот има уште поголема вредност.

– Се започна во времето на пандемијата- рече Деловски, имав време и желба и работев долго и темелно. Целта на ова музичко издание е да се вратат националните и етничките вредности, како и да се негува етно музиката на начин на кој што и доликува.“
Деловски ја преработи песната, ја приближи до најновите генерации давајќи и нов, модерен сјај и шмек. „Ој девојче“ звучи фантастично и сигурно ќе стане хит.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена