Миењето на забите е многу корисна работа- поради одржувањето на орална хигиена, пријатен здив ама и чувството на ситост. Нутриционистите советуваат дека по секој оброк треба да се мијат забите и така новиот вкус да го потисне чувството за „уште“: затоа, не ја заборавајте четкичката за заби.
Има уште нешто интересно- обидете се да мислите сино. Тоа е боја која го намалува апетитот а од сините чинии- се јаде помалку.
Кога ја фаќа криза, Опра Винфри бара спас во лижавчиња. Тие со вкус на овошје и ја задоволуваат кризата за благо.
Кога ви се јаде хамбургер и мелено месо, помешајте во смесата четири исечкани суви сливи, советуваат нуртиционистите. Тие ги намалуваат маснотиите за 40% а и нема да забележите дека се во месото, толку се соединуваат со вкусот.
Фото-Pexels
Автор
Сите Објави