4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Перо Христов ќе настапи во ревијалниот дел на „Охрид-фест“

На 27-мото издание на „Охрид- фест“ што на 11 септември ќе се случува на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид, во ревијалниот дел ќе настапи Перо Христов, кој неодамна прослави 5 децении богата музичка кариера.
-Со големо задоволство на „Охрид-фест“ ќе испеам десетина мои најдобри, најслушани песни и од забавниот и од народниот период- ни рече Христов додавајќи:„Педесет години музичка кариера е половина век континуитет, половина век искушенија. Добра песна, лоша песна, награди, признанија.., мојата работа ја делам на два дела: од 1969 до 1979 година- аматерски музички период на забавната музика но можеби и најтежок. Ја добив наградата „Златен глас на Македонија за млади пеачи“ и, паметам, бев второ пласиран млад пеач во Врање, СФРЈ. Потоа, учествував на Суботица- фест, на Скопските забавни музички фестивали и снимав околу дваесет забавни мелодии од најдобрите македонски автори- Славе Димитров, Масевски, Бранџолица, Џамбазов, Кире Костов, Ванчо Димитров и др.
Вториот, уште поважен период започнува од 1987 година со Фолк-фест Валандово и искачување до самиот врв во новокомпонираната македонска песна, со околу 70 учества на музички фестивали во нашата држава, откаде произлегоа легендарните хитови: „Во црно вино утеха нема“, „Една ѕвезда една солза“, „Заборави ме“, „Нема живот Ангелино“, „Неможам љубов да кријам“… Од забавните би ги издвоил – „Капка среќа“, „Евридика“, „Не плачи мајко“, „Засвири нешто од Битлси“ и др.

За некој ден сите патишта водат кон Охрид каде ќе се одржи прекрасна фестивалска вечер на најубавата сцена на Балканот, на „Долни Сарај“. Потсетуваме дека „Охрид-фест“ ќе биде реализиран според сите утврдени и одобрени протоколи од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

7дена.мк

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена