„Душа“ е насловот на најновото музичко издание на познатиот пејач Огнен Здравковски. Песната е на српски јазик, а исто така и видеоспотот за песната се снимаше во српската престолнина.
За ова ново музичко остварување Огнен ја избра една од најдобрата екипа во моментов на овие простори.
Музиката и аранжманот се дело на познатиот Саша Николиќ, кој соработува со скоро сите српски ѕвезди, особено со Марија Шерифовиќ, додека текстот е дело на Мира Мијатовиќ, која стои и зад текстот за песната „Оскар“, со која Аца Лукас се натпреваруваше на изборот за Евровизија во Србија. За микс и мастеринг задолжен беше Лазар Милиќ.
Како што кажавме, екранизацијата за оваа прекрасна балада се одвиваше во Белград, а како режисер се потпишува македонскиот режисер Зоран Зонде Стојановски.
Покрај Огнен, во спотот се појавува и преубавата српска манекенка Невена Гичевиќ, која важи за една од најубавите девојки во Србија. Се снимаше на повеќе локации во Белград, а дел од видеоспотот е снимен во познатиот ресторан „Ритуал“, чиј сопственик е Саша Ковачевиќ.
“Презадоволен сум од целиот проект. Навистина ја работевме долго време песната со Саша Николиќ, но сметам дека се исплатеше. Исто така морам да го пофалам и Зонде кој направи одлично видео. Сега останува на публиката да си го каже своето, но сигурен сум дека ќе им се допадне“ – вели Здравковски.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени