Евергрин ноќ натопена со романтични стихови, оние што ги скокоткаат емоциите и ја потврдуваат тезата дека – секогаш е вистинско време за љубов, ќе се случи во петок (14 август), преку песните и белегот на Александар Митевски и Драган Спасов Дац.
Овој двоец, на својот прв солистички концерт во Античкиот театар ќе ги изведе композициите, дел од нивната заедничка музичка биографија: „Цреши охридски“, „Уште ми фалиш“, „Љуби ме“, „Хипноза на една љубов“, „Слика“, „Корона чао“.., и уште многу од она што тие машки го истуркаа преку онлајн настапи за време на 5 месечен карантински период.
Ако одамна не сте биле млади, и ви треба лек за душа, овој концерт е за вас.
Инаку, на настанот ќе се испочитуваат сите здравствени препораки и одобрените протоколи во времето на пандемијата а капацитетот во Антички театар ќе биде преполовен и искористен за 1.200 посетители.
7дена.мк