Пет совети за облека со светки и „шљокици“
1. Не бидете во светкаво од глава до петици
Единствен исклучок од ова правило е фустан. Но, доколку носите светкава блуза, здолништето нека биде поумерено. Исто така, светкавата облека не мора да се носи со накит, или тој нека биде крајно едноставен.
2. Внимателно со форми
Чантата и чевлите треба да бидат со чиста и едноставна форма.
3. Дискретни бои
Не претерувајте во и со луди бои, целосната слика на крај делува – чудно. Модерната облека од овој тип обично се комбинира со сродни бои.
4. Обид со додатоци
Доколку на вашиот гламур му недостасува уште нешто, обидете се со накит или додатоци. Кога шљокиците се само акцент, тие му даваат префинетост на стилот.
5. Разлики помеѓу секојдневната и празничната светкава облека
Светкавата облека е се поприсутна во секојдневниот стил. Кој не би бил задоволен со малку гламур во канцеларија? Црни панталони или сако, се комбинација со која никогаш нема да згреште.
Извор- розали.бг
Фото- © istockphoto.com, izvor
Коментарите се затворени