5.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Пијте вода: за артритис, прочистување, слабеење

Чистата вода е клучна состојка на ’рскавицата, сврзливо ткиво меѓу коските. Таа, исто така е составен дел на зглобовите, чија задача е да ги спојат коските и да служат како амортизер при одење или трчање. Ако во телото има доволно вода, има помалку триење меѓу зглобовите, а тоа значи и помали шанси за појава на артритис.
Исто така, водата го прочистува телото од токсични материи. Ако го намалиме времето потребно за прочистување на организмот, штетните состојки нема да можат да се натрупаат во цревата, а со тоа се намалува можноста за појава на рак.
Водата е задолжена за намалување на количината на солта во телото. Повеќето истражувања покажаа дека големите количини сол се поврзани со високиот крвен притисок, а преку тоа и со нарушување на работата на срцето. Водата може да ги спречи сите тие несакани појави.
Уште поважно, водата го забрзува метаболизмот. Повеќе вода во организмот значи и побрзо согорување на калориите. Истражувањата покажаа дека по две испиени чаши вода на телото му се потребни помеѓу 10 и 40 минути да го започне метаболичкиот процес, но согорува 30 отсто повеќе калории. Некои истражувања покажаа дека лицата што пијат по шест чаши вода дневно може да изгубат три килограми сало, за една година.

фото: pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена